Пливањето е тип на рекреација кој има позитивно влијание на здравјето. Со пливањето се остваруваат аеробни ефекти на телесната активност, а во исто време се зајакнуваат мускулите на вашето тело.
Едно од најважните правила е да не влегувате во вода најмалку половина час после јадење.
Но, исто така е важно да знаеме што не треба да јадеме пред да пливамe.
Внимавајте на:
Лута и зачинета храна
Бидејќи телото е во хоризонтална положба додека пливате, може да се појават киселини, а лутата и зачинетата храна може да го влоши проблемот уште повеќе.
Овошни сокови и газирани пијалоци
Можат да предизвикаат надуеност и грчеви.
Алкохол
Алкохолот ја намалува можноста за брза реакција и проценка, а тоа може да биде опасно додека пливате.
Храна со многу растителни влакна
Не јадете леќа, грав или грашок затоа што содржат многу растителни влакна, што е добро за здравјето, но може да предизвикаат надуеност, запек и грчеви, а тоа може да ви го расипе уживањето.
Енергетски пијалоци
Енергетските пијалоци предизвикуваат дијареа или гадење и доведуваат до дехидрирање.