Вечерва (15.02.2026 година) околу 21:30 часот, на место викано „Пештера“, помеѓу селата Оревоец и Крстец, службени лица од Шумската полиција Прилеп повторно интервенираа на терен и одзедоа две запрежни возила – шпедитери, натоварени со по околу 0,70 м³ зелени дабови огревни дрва.
Шпедитерите заедно со натовареното огревно дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп, согласно законските прописи.
„Против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. Шумската полиција од Прилеп продолжува со засилени контроли на критичните локации и во вечерните часови, со јасна порака дека незаконската сеча и транспорт нема да бидат толерирани. Апелираме до граѓаните да продолжат да пријавуваат сомнителни активности поврзани со бесправна сеча и нелегален транспорт на дрва, со цел заеднички да го заштитиме шумското богатство“, велат од шумската полиција во Прилеп.


