ЈАВЕН ПОВИК за доделување стипендии на студенти од општина Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Општина Прилеп објави Јавен повик за доделување на стипендии на студенти кои се запишани во прва година на Економски факултет – Прилеп, во прв уписен рок.

Стипендиите се наменети за:

-најдобрите студенти, кои се истакнале со својот успех и постигнувања,

-студенти од социјално ранливи категории, на кои оваа поддршка им е особено потребна.

Рокот за аплицирање е 5 дена од денот на објавувањето, а пријавите се доставуваат во Општина Прилеп – преку Архивата на Оштина Прилеп до Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата во затворен плик со намена “за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.

„Со оваа мерка покажуваме дека Прилеп вложува во иднината, давајќи им шанса на младите да се развиваат, да учат и да останат да градат успешна кариера токму овде – во својот град“, вели градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Целиот јавен повик со деталите и потребната документација е достапен на официјалната веб-страница на Општина Прилеп: https://www.prilep.gov.mk/javen-povik-za-dodeluvanje…/

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми