ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп важи за едно најубавите и најсредени основни училишта во Прилеп кое е комплетно реновирано буквално од неговиот најситен детал, па се до изградбата на новите кабинети, спортски сали, тоалети, работни простории, па се надворешноиот дел и парковските површини какви што можеби нема ниту едно друго училиште во Македонија.
Но и покрај големиот вложен труд и љубов на наставниот колектив на чело со директорот Ахил Јаков ова да изгледа вака, несовесни ученици секојдневно прават штета на инвентарот и се она што го краси во училиште.
Директорот Јаков денеска преку ФБ статус ги повика родители да поработат на домашното воспитување на децата, затоа што како што вели тоа, што ќе си оставиме зад себе, тоа и ќе си најдеме пред себе.
„И од злато сето училиште да го направиш, не вреди кога домашното воспитување со децении наназад е уништувано. Уништувани се со децении моралните вредности, непочитување на туѓото, непочитување на своите вредности, непочитување на општественото добро….Време е да поработиме сериозно со нашите деца, време е да направиме еден голем рестарт со однесувањето на лошиот пристап кон системот. Едноставно ние сме системот, од нас да тргнеме!! Се што ќе оставиш зад себе, ќе си најдеш пред себе… ВРЕМЕ Е!“, вели директорот Ахил Јаков.





