ЈКП „Комуналец“ започна со санација на обиколниот пат кај новите градски гробишта во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

По објавата на Инфо Компас за катастрофалната состојба во која што се наоѓа обиколниот пат кај новите градски гробишта, со информација добиена од граѓанин преку новата рубрика „Репортер од терен“, институциите реагираа и започнаа со негова санација.

Имено, ЈКП „Комуналец“- Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа, деновиве работат на санирање на обиколниот пат на новите градски гробишта. Со ризла се тампонира дел од  проблематичниот пристапен пат, кој почесто се оштетува од поројните дождови.

„Јавното претпријатие во иднина ќе врши редовно санирање на овој пристапен пат до гробиштата, за да не дојде до големи оштетувања на истиот“, велат од „Комуналец“.

Продолжете да испраќате информации за проблеми, но и за убави нешта и ваши успеси и заедно да го направиме Прилеп подобро место за живеење.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми