ЈКП „Комуналец“ Прилеп: Се доградува и проширува Прифатилиштето за згрижување на бездомни кучиња


ЈКП „Комуналец“ Прилеп известува дека со цел да се подобрат условите за престој на заловените кучиња се  доуредува дворното место и боксовите за престој.

Прекубројната популација на бездомните кучиња во општинава по заловувањето се сместуваат во Прифатилиштето, кое со правилно и хумано менаџираме од страна на вработените, успева да ја подобри сотојбата со бездомните кучиња.

Препораката на  вработените сертифицирани заловувачи и ветеринари е жителите од Прилеп, иматели на кучиња да применуваат кастрација и стерилизација во комбинација со здравствена заштита и тоа: микрочипирање, третман против ектопаразити и вакцинација против Беснило.

Тимот кој работи на оваа проблематика ги охрабрува граѓаните да се вклучат во решавањето на комплексниот проблем со бездомните кучиња во општинава, да вдомуваат бездомни кучиња и да соработуваат со пријавување:

тел. 048/428 992, емајл: presskomunalec@yahoo.com, www. komunalecprilep.com.mk или со порака на ФБ страниците од „Комуналец“ и Прифатилиштето за згрижување на бездомни кучиња.

Според  законската регулатива, заловените кучиња по кастрацијата, чипирањето и медицинскиот третман се враќаат на местото на заловување, живеат во градот Прилеп, лоцирани во различни населби и се препознатливи по извршеното чипирање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира