Јованоски : Вработувањата во образованието, детските градинки, јавните претпријатија не се моја надлежност

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски го избира својот тим врз основа на валидни критериуми за образование, стручност, компетентност и одговорност во работата. Според тоа, тој е и лично одговорен за ефектите од работата на новоизбраниот тим. Но, вработувањата во образованието, детските градинки, јавните претпријатија и Регионалната канцеларија на Стопанската комора на Прилеп, не се во моја  надлежност. Вели во писменото соопштение градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кое доаѓа како реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

Разбирливи се чекорите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ преку вакви прес конференции да се обидува да ја девалвира мојата работа, во обид да ја  здобие повторно довербата кај граѓаните по постизборното фијаско.

 

Затоа во оваа пригода и ОК на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе ги известам повторно за дел од досега сработеното.

 

Од претходната гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ, наследивме долг во Општина Прилеп од 3.5 милиони евра, пари од граѓаните кои што биле недомаќински, безобзирно и недоговорно трошени. Само за 6 месеци од моето доаѓање на градоначалничката функција, долгот е намален за милион евра, а проектите што ги ветив се реализираат чекор по чекор.

 

Во фаза на реализација се бројни проекти:

 

  • Дневен центар за деца со церебрална парализа;
  • Проектот за заштита на природното наследство „Маркови Кули“ (100.000 долари од УНДП);
  • Набавка на противпожарно теренско возило и опрема;
  • Адаптација на градинката во ОУ „Рампо Левката“;
  • Реконструкција на дел од патот што води кон Вештачкото езеро;
  • Проект за социјална мобилност финансиран со 550.000 денари.

 

Одобрување чекаат повеќе подготвени проекти:

 

  • За изготвување на техничка документација за урбанистички планови за селата: Селце и Оревоец;
  • За техничка документација за канализација во селата: Селце, Тополчани и Галичани;
  • Се подготвува локална стратегија за туризам;
  • Програма за енергетска ефикасност 2018-2020г;
  • Нов театар во Прилеп;
  • Спортско-рекреативен центар „Македонија“;
  • Гасификација;
  • Набавка на автобуси на погон на метан.

 

 

Општина Прилеп наскоро ќе аплицира:

 

  • Во АВРМ за ангажирање на 50 лица за одржување на комуналната хигиена и хортикултурно уредување на градот;
  • Во УНДП за времено вработување на 20 лица за обезбедување социјални услуги;
  • Во Програмата за локална и регионална конкурентност;
  • Во Швајцарската агенција за обнова и развој за средства наменети за форуми на заедниците, со општински буџет реализација на проекти, чиј приоритет го утврдуваат граѓаните.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира