
Градежните работи за „Санација на трупот на патот на регионален пат Р1306, делница Прилеп-Крушево (кај Славеј)“ во должина од 920 метри се при крај и најдоцна до 25 мај патниот правец повторно ќе биде ставен во функција, велат од ЈПДП како одговор на протестите на жителите од овој крај кои траат веќе 2 дена.
„За време на изведбата на градежните работи патниот правец е затворен за сообраќај и согласно со одобрениот сообраќаен проект за режим на сообраќај поставена е соодветна сообраќајна сигнализација заради безбедност во сообраќајот. Замолуваме за трпение од страна на локалното население заради квалитетно завршување на градежните работи“, велат од ЈПДП.