„Љубење со стихови“ во име на љубовта и убавината

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

В сабота на 14 февруари од 20.00 часот,  во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат ќе се одржи поетскиот перформанс „Љубење  со стихови“ во органзиација на Здружението ЗОКУМ.

Поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, пред публиката ќе претстават дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а ќе овојпат во програмата ќе прозвучат стиховите на француските поети на љубовта како Жак Превер, Гијом Аполинер, де Беранже, Бодлер, Пол Елијар, Стефан Маларме, Артур Рембо и други.

Специјален гостин во програмата овојпат е Љупка Томиќ, авторка и професорка по француски јазик, благодарение на која публиката ќе може да чуе поезија на француски.

„Кога мислиме на љубов, вино, светлина, мода и задоволство, помислуваме на Франција. Македонија го нема Париз, но Прилеп  ја има  кафе-галеријата „Лувр“ во која в сабота ќе си ги отвориме душите, ќе мечтаеме и ќе уживаме во поетската реч“, велат органиѕаторите.

Влезот на настанот е слободен, но сепак местата се ограничени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми