Ќе се гради таложник во пречистителната станица Прилеп со цел поголема заштита на животната средина

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Денес е направен вовед во работните активности на изградбата на таложник на колекторскиот систем на пречистителна станица Прилеп. Овој проект е обезбеден преку Програмата за рамномерен регионален развој од Центар за развој на Пелагонискиот плански регион во вредност од 8.250.147 денари, а кофинансиран од Општина Прилеп.

Таложникот е проектиран со цел таложење или задржување на покрупниот песок од урбаните води кој  потоа оди во постоечкиот систем за  прочистување на урбаните отпадни води.

Со овој таложник дополнително се вложува во процесот на заштита на водите и животната средина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми