ЏК Сеишин Прилеп од два големи Меѓународни турнири се врати 18 медали

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Изминатиот викенд клубот Сеишин- настапи на два фронта: На 01.11.2025 во Скопје се одржа Меѓународен Турнир во џудо Миоки Опен – 2025 за помлади пионери, пионери и кадети.

ЏК Сеишин -Прилеп зеде учество со 16 натпреварувачи, а освоени се 10 медали ( 1 златен, 2 сребрени и 7 бронзени) и тоа:

  1. Елдина Пупаловиќ 1 во место
  2. Матеј Јованоски 2 ро место
  3. Ангел Стојовски 2 ро место
  4. Бисера Јовеска 3 то место
  5. Бисера Цветкоска 3 то место
  6. Матеја Николоска 3 то место
  7. Марко Ацески 3 то место
  8. Теодора Илиоска 3 то место
  9. Немања Џагадуроски 3 то место
  10. Благојче Мантароски 3 место

Одлични борби прикажаа и Ајла Јеина, Арсениј Димески, Марија Марковска, Дила Пупаловиќ, Тамара Илиоска и Марко Марковски но не успеаја да изборат место на пиедесталот. Екипата ја предводеа тренерите Мартин Ристески и Тони Бурнески.

 

 

 

 

 

 

На 02.11.2025 во Вериа Грција се одржа Меѓународен Турнир во Џудо организиран од страна на ЏК Вергина од Вериа Грција. 

Џудо клубот Сеишин- Прилеп настапи со вкупно 8 натпреварувачи при што се освоени 8 медали ( 3 златни и 5 бронзени) и тоа:

  1. Марко Андрејевски 1 во место
  2. Петар Ангелески 1 во место
  3. Стефани Ристеска 1 во место
  4. Христијан Бунески 3 то место
  5. Габриел Илиоски 3 то место
  6. Милан Крнче 3 то место
  7. Владимир Крнче 3 то место
  8. Стефан Петкоски 3 то место

Џудо клубот Сеишин-Прилеп е задоволен со освоените резултати особено што се работи за настап со најмладите членови на клубот и на дел од нив им е прв настап на натпревар од ваков меѓународен ранг. Екипата ја водеше тренерот МариоТошески. Клубот продолжува со припреми за натпревар веќе за следниот викенд.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми