На 07 и 08.06.2025 во Охрид се одржа 10-от меѓународен турнир во џудо, Струга Опен- 2025. На овој Турнир, џудо клубот Сеишин – Прилеп зеде учество двата денови во сите предвидени возрасни категории со вкупно 19 учесници а освоени се 10 медали ( 2 златни, 2 сребрени и 6 бронзени).
Резултати поединечно:
Кадети-ки:
- Тамара Илиоска 1 во место
- Теодора Илиоска 3 то место
- Марко Ацески 3 то место
Пионери-ки:
- Дино Кулевски 3 то место
- Дила Пупаловиќ 3 то место
Помлади Пионери-ки:
- Елдина Пупаловиќ 1 во место
- Матеја Николоска 2 ро место
- Халид Рамовиќ 3 то место
Деца:
- Иван Јошески 2 ро место
- Бисера Цветкоска 3 то место
Одлични борби прикажаа и останатите натпреварувачи кои беа дел од тимот но не успеаја да изборат место на пиедесталот. ЏК Сеишин Прилеп продолжува со подготовки за настап на идните меѓународни натпревари во текот на месецот, а особено со членовите кои се избрани во државните репрезентации за настап на престојните повисоки меѓународни настани каде ќе ја претставуваат нашата држава и нашиот град.