Џудо Клубот Сеишин Прилеп на 1 место на ранг листа на Македонија


По завршувањето на натпреварувачката 2021 година во џудо спортот од страна на надлежните органи сумирани се официјалните севкупни резултати на ниво на Македонија и во согласност со тоа Џудо Клубот Сеишин Прилеп е на 1 то место на ранг листа на Македонија.

Клубот ја одбрани шампионската титула од 2019 година бидејќи претходната 2020 заради пандемијата со Ковид 19 не се одржаа потребниот број на државни првенства, а со тоа и немаше официјално рангирање.

„Моментално за спортистите од клубот е преоден период, а подготовките за новата натпреварувачка 2022 клубот ќе ги отпочне со почетокот на учебната година и пуштањето на спортските сали во градот по училишните објекти, бидејќи клубот не поседува специјална Доџо сала наменета за џудо боречката вештина“, вели Дејан Мицкоски, тренер во џудо клубот „Сеишин“ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира