Во Индија живее Рани, џуџе крава за која се смета дека е најмалата крава во светот.
Рани е долга 66 сантиметри, висока 51 сантиметар и тежи само 26 килограми. Сопствениците велат дека е пониска за 10 сантиметри од најмалата крава во Гинисовите рекорди.
Рани има 23 месеци и живее на фарма во близина на Дака.
Ветеринарите тврдат дека Рани е производ на генетско мешање и веројатно нема да порасне.
Рани навистина стана медиумска ѕвезда во последно време, илјадници луѓе се спротивставуваат на националното заклучување поради корона вирусот и доаѓаат да ја видат Рани.
„Повеќе од 15.000 луѓе дојдоа да ја видат Рани само во изминатите 3 дена“, вели Хасан Холадер, сопственик на фармата.