1.099 активни случаи на корона во Прилеп – 141 лице се наоѓа на болничко лекување

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 29 март до 4 април 2021 година, во општина Прилеп имало 372 нови случаи на Ковид-19, а од последици на коронавирусот починале 18 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 1.099, од кои 141 лице се наоѓа на болничко лекување.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 7.304, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 345 лицa.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира