Министерот за здравство, Венко Филипче денес потврди дека во понеделник ќе стигнат вакцини на „Фајзер“ во Скопје.
„Преку Софија до Скопје, во понеделник попладне 10 илјади вакцини на „Фајзер“ ќе бидат донесени и веднаш наместени во фрижидерите. Ќе се аплицираат тековно, за да не се изгуби темпото на имунизација и да продолжи процесот. Дотогаш, вакцинацијата се спроведува со преостанатите 14 илјади вакцини во земјава – од нив 10 илјади се од АстраЗенека, 3 илјади Спутник и илјада од кинески „Синофарм““, рече Филипче.
Што се однесува до процесот на вакцинација, тој изјави дека заклучно со вчера вакцинирани се 35.000 лица, од нив 13.000 ја примиле вакцината Астразенека, како и дека деновиве има поголема фрекфенција на закажување на вакцинација