11 101 нашинец од странство се попишал за едно деноноќие, вкупно 171 620

 

 

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171 620 државјани на Македонија кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на  1ви март, до денес.

Само во последното деноноќие се попишани 11 101 лице, а интересни се и бројките по земји:

„Дали сте знаеле дека во Џибути има 3 македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11 итн. Навистина нè има насекаде и тоа треба да го покажеме“ – стои во соопштението на Државен завод за статистика.

Во Швајцарија се попишани над 56 илјади лица, во Германија близу 40 илјади и Италија над 27 илјади лица. Во Албанија пак, се самопопишале само 342 лица со македонско државјанство.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира