192 медали и 3 пехари за ЏК „Сеишин“ Прилеп за 2024-та, како и 2 место во генерален пласман на ниво на Македонија


Џудо Клубот Сеишин-Прилеп одржа полагање за ученички појаси, пригодна свеченост и доделување награди за најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2024 година на ниво на клубот, потоа доделување признанија за заслуги и помагачи на клубот како и елаборирање на постигнитатите резултати и останати активности во 2024 година.

Во натпреварувачката 2024 година Џудо Клубот СЕИШИН- Прилеп зеде учество на следните натпревари во џудо:

  • 08 Државни Првенства со освоени 67 медали ( 26 златни, 16 сребрени и 25 бронзени);
    14 Меѓународни Турнири со освоени 122 медали (35 златни,29 сребрени и 58 бронзени медали);
  • 6 Балкански Првенства (12 членови на клубот како РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ) со освоени 2 медали (2 златни) едно 5 и едно 7 мо место;
  • 2 европски купови и тоа за Јуниори-ки во Скопје, каде во составот на нашата репрезентација учество зеде 1 наш член без пласман и за Ветерани -Хамбург Германија каде е освоено едно 3 место;

Имено на овие Првенства освоени се вкупно 192 медали и 3 Пехари. Најзначаен успех за 2024 година е освоеното 2 место во генерален пласман на ниво на Македонија.

Исто така 3 наши членови се прогласени за најуспешни џудисти во своите возрасни категории на ниво на Џудо Федерација на Македонија и тоа:

  • Пионерки: Тaмара Илиоска
  • Кадети: Михаил Стојановски
  • Ветерани: Марјан Димески

 

 

 

 

Клубот исто така ги прогласи најуспешните членови по возрасни категории по што следуваше посета на Дедо Мраз кој најпрво презентираше дел од џудо техниките а потоа подели новогодишни поклони за сите членови.

Останати активности:

Клубот оваа година го организира и Меѓународниот Турнир „Прилеп Град Херој-2024“ (традиционално 14-ти по ред), со 300 натпреварувачи од 30 клубови од 8 држави учеснички. Особено е важно што присуствуваа специјални гости 5 странски еминентни џудо стручњаци од Србија носители на бројни европски, светски и олимписки титули во џудо спортот. Исто така на овој турнир за прв пат наши гости беа екипите од Грузија, Шкотска и Кипар што беше од особена важност за подигнување на квалитетот и што учество зедоа држави надвор од рамките на Балканските држави. Клубот организираше и 2 турнири на клубско ниво „пролетен и есенски). Џудо клубот Сеишин годинава технички организираше 2 Државни Првенства.

Дел од членовите и стручните лица од ЏК СЕИШИН-Прилеп во рамките на организацијата на Џудо Федерацијата на Балканските Првенства за Помлади Пионери-ки во Битола и Европскиот Куп за Јуниори во Скопје дадоа голем придонес во организационите активности.

Клубот со свои претставници зеде учество уште на 3 Меѓународни џудо кампови и тоа во Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија-Скопје.

Потоа стручните лица на клубот зедоа учество на 2 стручни семинари за лиценцирање џудо тренери и џудо судии;

Се одржаа и 3 заеднички џудо тренинзи со други клубови.

Стручните и делегирани лица како претставници од клубот кои извршуваат функции во телата и органите на Џудо Федерацијата, активно партиципираа во сите тековни активности кои ги организира федерацијата.

Џудо Клубот Сеишин во текот на 2024 организираше 1 полагање за ученички појаси со своја 3 члена стручна комисија и претставник од Дан комисијата при ЏФСМ. Исто така наши членови присуствуваа на полагањето за 1 КЈУ и ДАН појаси пред ДАН комисијата на ЏФСМ каде се здобија со повисоки степени/појаси.

Џудо Клубот СЕИШИН традиционално и оваа година го одбележа 28 Октомври „Денот на Џудо Спортот“ и тоа под мотото „БЛАГОСОСТОЈБА“.

 

 

 

Клубот оваа година зеде учество и на неколку настани од хуманитарен аспект во соработка со други граѓански организации.

Во текот на 2024 година неколку наши членови присуствуваа и на меѓународни џудо настани, манифестации и промоции на покана на организаторите.

Џудо Клубот Сеишин во преодниот рок за време на новогодишните и Божиќните празници ќе направи кратка пауза и одмор за своите членови а потоа ќе се започне со интензивни тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка 2025 година.

На спортски план Планираме програма со поинтензивни настапи на Меѓународно ниво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира