По 6-ти пат ќе се одржи Интернационалниот џез викенд во Прилеп

И годинава по 6-ти пат на 24, 25 и 26 август во Прилеп ќе се одржи Интернационалниот џез викенд, на кој учество ќе земат најактуелните џез музичари од регионот. Фестивалот во четвртокот, во 21 часот, на летната сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе го отвори Биг Бендот на Здружението на Џез Музичари на Македонија, а веднаш после нив ќе настапат легендарниот тапанар Круно Левачиќ со својот Квартет – The Problems.

 

Претходно пак во фоајето на Центарот за култура во 19.30 часот ќе се одржи промоција на CD-то „Пет години Prilep Jazz Weekend“.

 

Во петок публиката ќе ужива со концертите на Џон Илија Апелгрин и Мартин Ѓаконовски Трио, а истата вечер гостува и еден од најхаризматичните ликови на Белградскиот Хип-Хоп, МАРЧЕЛО!

 

Фестивалот на 26. август ќе го затворат Украинскиот саксофонист Max Kochetov и неговиот  квартет, а концерт ќе имаат и Француското ТРИО Metacronic talking.

 

Годинава фестивалот  нуди и богата OFF програма со промоции, изложби, концерти и перформанси. Изложба на ECM кавер фотографии на Fotini Potimia aka LAMP, A bass to bass performance на Гоце Јованоски и Дине Донеф и аудио-визуелен перформанс на Тома Домовски и Дине Донеф.

 

Сите концерти и перформанси се одржуваат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ на летната сцена или во големата сала. Повеќе информации за Џез фестивалот може да најдете на www.prilepjazz.mk.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи