Поранешниот капитен на англиската репрезентација Вејн Руни бил уапсен поради возење во алкохолизирана состојба. Напаѓачот на Евертон бил упасен од страна на полицијата во Чешир, во близина на својот дом.
Најдобриот голгетер на англиската репрезентација, кој што постигна 53 гола на 119 натпревари, минатата недела најави пензионирање од репрезентативната кариера, откако претходно од редовите на Манчестер Јунајтед премина во редовите на Евертон. Неговото апсење се случува на 13 годишнината од неговото доаѓање во Јунајтед, каде што исто така беше најдобар голгетер и долгогодишен капитен.
Ваков инциндент за Руни не претставува ништо ново, откако пред десет месеци по победата на Англија против Шкотска, беше забележан како во алкохолизирана состојба оди на свадба, каде што е снимен како има проблеми да се контролира и зборува.