ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Огромни инвестиции во образованието во Општина Прилеп

Локалната самоуправа во изминатите 12 години преку континуирани инвестиции во основното образование, значително го подигна степенот на квалитетно образование. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Само во ООУ „Климент Охридски” се инвестирани преку 600.000 евра, при што беше извршена комплетна реконструкција на внатрешниот дел како и дел од фасадата во ова училиштe. Покрај промената на вратите и подот во училниците, направена е комплетна промена на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа. Како најнова инвестиција со која може да се пофали ова училиште е реконструкцијата на мултифункционално игралиште, инвестиција вредна над 2 милиони денари, со средства обезбедени од буџетот на Локалната Самоуправа. На ваков начин ова општинско основно училиште доби целосно нов лик, со значително подобрени услови за одржување настава.

 

Инвестиравме и во ООУ ,,Кире Гаврилоски-Јане”. 1.800.000 денари средства обезбедени од општината, беа вложени во санација на санитариите како и поставување на нови подови. Извршена е комплетна промена на старата дограма со нова ПВЦ дограма, инвестиција во вредност од 90.000 евра. Во ова училиште покрај многубројните проекти, инсталиран е централен систем за греење, извршено е хортикултурно уредување на предниот дел од училиштето, поплочено е влезното плато, извршена е промена на кровот, промена на внатрешните врати во училниците, како и реконструкција на училишната сала. За скоро време планирано е ова училиште да добие ново игралиште, инвестиција во вредност од 1 милион и 800.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Локалната самоуправа.

 

Во ООУ,,Кочо Рацин” целосно е променета надворешната и внатрешната столарија, за што беа издвоени 4.200.000 денари, а во подрачното училиште во населба „Рид” беше целосно извршено внатрешно и надворешно реновирање, уредување на кровната конструкција, како и инсталирање на парно греење, за што беа потрошени околу 3.800.000 денари. Во ООУ,,Рампо Левката” покрај останатите инвестиции, извршено е варосување, промена на електричната инсталација на првиот и вториот спрат, комплетно реновирани се двете училници во прво одделение, извршена е промена на подот во спортската сала.

 

Во ООУ „Гоце Делчев” беа реализирани низа проекти меѓу кои најзначајни се промена на влезните врати, промена на столарија, клупи, подови, табли и целосен молерај, санација на топловодното греење, поплочување на предниот дел со бекатон плочки, ново модерно тениско игралиште (инвестиција во висина од 2.5 милиони денари обезбедени од Агенцијата за млади и спорт) како и нова модерна „Балон сала” за која беа издвоени 1.300.000 денари од буџетот на Локалната самоуправа.

 

Во ООУ „Блаже Конески” инвестирани се преку 15 милиони денари во нова ограда за училиштето, реконструкција на санитарии и промена на подови, промена на целокупната столарија, комплетно преуредување на училишниот двор како и многу други проекти со кои значително се подобри процесот на образование за децата од населбата Точила и пошироко.

 

Во ООУ„Добре Јованоски” покрај промената на покрив и дограма, извршена е санација на санитарни јазли, промена на старата со нова столарија, реконструкција на парното греење и низа други проекти за кои беа издвоени преку 10 милиони денари. Во ова училиште со средства во висина од 10 000 евра обезбедени од Локалната самоуправа изградено е модерно игралиште, а со средства од министерството за образование изградена е најсовремена спортска сала, како дел од проектот 145 спортски сали, кој го реализираше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од 2005 па до денес се вложени околу 7 милиони денари, од кои само во последните 2 години се вложени над 5 милиони денари со што значително се промени внатрешниот и надворешниот изглед на ова училиште. Почитувани, ова се само дел од инвестициите во основното образование реализирани во нашиот град. Не застануваме тука, затоа што инвестициите во квалитетно образование значат инвестиции во иднината на нашите деца. Воедно упатуваме честитка до сите ученици, вработени во основните и средните училишта по повод почетокот на учебната година и им посакуваме многу среќа и успех“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи