ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Сугарески и СДСМ продолжуваат со копирање на проекти на ВМРО ДПМНЕ

Дволичноста, лагите и хипокризијата веќе станаа одлика за министерот Горан Сугарески и владата на СДС. Ветивте многу а не исполнивте ништо. Сега, откако си ги поделивте местата во управни и надзорни одбори се соочувате со реалноста дека треба нешто и да се сработи во очи на локалните избори. Рекоа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.  

 

 

„Жалосно но вистинито! Единствено што успеавте да сработите е да го ископирате законот за легализација на дивоградбите од ВМРО ДПМНЕ и да си ги припишите заслугите за себе, глумејќи загриженост за граѓаните, иако во собрание гласавте против истиот закон во 2011 година.

 

За да биде ситуацијата уште поинтересна се одржа средба помеѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и претставници од ниско буџетната авио компанија “Виз Eр”, на која било разговарано за продлабочување на соработката во насока на обезбедување што поголем број достапни дестинации за граѓаните на Република Македонија и поевтинување и олеснување на авионскиот сообраќај за граѓаните.

 

Меѓутоа, токму сегашниот министер Сугарески не гласаше ни во 2012 година кога владата на ВМРО-ДПМНЕ го предложи законот за дополнување на законот за воздухопловство со кој се предвидува финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници.

 

Прашањето кое си го поставуваат граѓаните е како министерот Сугарески успеа во многу краток рок дијаметрално да ги смени своите ставови во однос на политиките и законите кои така ревносно ги критикуваше. По се изгледа за ова е заслужен менторот Зоран Заев кој покажа дека е човек кој нема единствен став за ниту една работа и го менува ставот секогаш по потреба наложена од моменталната ситуација. Овој камелеонски начин на работа е ваша главна одлика па по се изгледа животот на граѓаните ќе го носите со копирање на проектите на

 

ВМРО ДПМНЕ а останатите препишани проекти од туѓи програми ќе ви останат пусти ветувања. Не ви држи место дека сте флексибилни па работите во интерес на народот па затоа копирате проекти кои до вчера ги исмевавте. Со секој ваш нов потег неповратно ја поткопувате иднината на Македонија и разбирливaе сега нервозата во вашите редови, бидејќи го навлековте гневот на народот кого го бескруполозно предадовте и кој силно ќе ве казни на претстојните локални избори!“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи