ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : На 15-ти Октомври ќе одиме на нова победа, победа на прилепчани !

Да се претвори Прилеп во рок од 12 години од општина со рекордна невработеност, уништена економија, крахирани инситуции и катастрофална инфраструктура во општина која заслужено ги носи епитетите урбана, просперитетна, европска, потребна е јасна визија, силна одлучност и храброст. Потребен е лидер, визионер, градоначалник кој заедно со граѓаните ќе ја сподели и реализира определбата општина Прилеп да биде поинакво, подобро место за живеење. Со гордост можеме да кажеме дека тоа е сегашниот но и идниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески. Истакнаа на прес конференција од  О.К. на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост. 

 

 

Во текот на изминатите 12 години градоначалникот Ристески покажа дека не треба да се затскриваме зад функциите и да бегаме од проблемите и граѓаните. Напротив, докажа дека е човек од народот, покажа како треба да му се подаде рака на секому кому помош му е потребна, дека е потребна силна и неуморна работа и вложување, потребен е одличен тим и енергија. Токму така Општина Прилеп успеа да ја надмине болната транзиција и безизлесноста и апатијата со која се соочија сограѓаните.

 

Во изминатите 12 години драстично се намали невработеноста, се инвестираше многу во економскиот развој и донесувањето на нови инвестиции, се отворија многу работни места, се инвестираше многу во образованието, културата, спортот, земјоделието, транспортот, инфраструкурата. Се направи многу, а сите овие проекти се заеднички дела, на градоначалникот и нас граѓаните.

 

Посигурни од било кога тврдиме дека определбата останува иста! Заедно со градоначалникот Ристески, продолжуваме да реализираме, проектираме, остваруваме, осовременуваме и вложуваме – во нас, во иднината на нашите деца, во нашето маало, во нашата општина, зошто ние граѓаните сме сигурни дека на Прилеп му е потребен градски татко кој дише заедно со градот, со општината, ги познава сите нејзини жили и раксрсници, проблеми и убавини.

 

Токму затоа чест е, во име на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, сплотено, едогласно, недвосмислено како никогаш досега да дадеме поддршка на човекот кој успешно и визионерски ја води и развива општината веќе 12 години. Чест е да ја побараме и по четврти пат поддршката за нов мандат за градоначалник од секој граѓанин на општината, зошто.

 

Марјан Ристески докажа дека е човек од збор, човек кој ветува и остварува, човек кој работи вредно во тишина и е надвор од сенката на популизмот , градоначалник на сите, неделејќи никого по ниту еден основ.

 

Ете токму ваков човек ни е потребен нас, граѓаните на општина Прилеп. Одлучен лидер и добар менаџер кој заедно со нас ќе продолжи да ја развива и разубавува општината, уште повеќе да го подобрува образованието за нашите деца, да овозможи нови вработувања на нашите сограѓани и отчетно и домаќински да го гради европското лице на општината.

 

На крајот на денот, победници не се оние што никогаш не паѓаат. Победници се оние што не се откажуваат!

 

Затоа, ние, граѓаните на Прилеп повторно да бидеме победници! Не се откажуваме и повторно заедно со градоначалникот Ристески и во наредните години вредно и одлучно ќе ја градиме подобрата иднина на Прилепи ќе ги создаваме можностите за подобар живот. Прилеп пред се, Прилеп во нашите срца!“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи