Жешко во Барселона, илјадници Каталонци на протест

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Десетици илјади Каталонци излегоа на улиците на Барселона, откако Шпанската влада уапси 14 членови на движењето за независност, вклучувајќи го и регионалниот заменик претседател, обидувајќи се да го блокира референдумот за независнот на Каталонија закажан за први октомври.

 

Според полицијата, околу 4000 демонстранти се собраа пред зградата на заменик претседателот Хосеп Мариа Хове, кој исто така е и генерален секретар на Каталонија за економски прашања, скандирајќи „ќе гласаме“ на престојниот референдум за независност, кој според владата во Шпанија и уставниот суд во Мадрид е незаконски и нелегален.

 

Апсењата беа извршени од страна на Шпанската цивилна гарда, додека полициските сили во Каталонија кои беа јавно пофалени за одличната интервенција при терористичките напади претходниот месец, беа изоставени. Според полицијата биле извршени 22 претреси. Илјадниците излезени на улиците со седење пред влезовите ги спречуваат припадниците на цивилната гарда да ги напуштат објектите.

 

Шпанскиот премиер Маријано Рахој ги повика протестантите за смирување на ситуацијата и враќање во нормала. Меѓутоа цврстите ставови на шпанската влада само дополнително ги распалија страстите помеѓу оние кои бараат независност на регионот.

 

„Направија голема грешка: сè што сакавме е да гласаме, додека тие прогласија војна“, истакна претседателот на влијателната организација на  граѓани кои се про-независност настроени, Каталонското национално собрание.

 

Уште водечка граѓанска агенција, Федерацијата на соседи на Барселона, ги повика граѓаните да излезат на улиците за одбрана на институциите на Каталонија.

 

„Ги поздравуваме и славиме демонстрациите во Барселона, Каталонија и Шпанија. Да продолжиме да демонстрираме, но секогаш мирно. Соочени со авторитарниот начин на владеење, Барселона стои заедно со Каталонските институции и правото на нејзина независност. Ако Рахои инсистира на оваа репресивна стратегија, сè што ќе најди е различност и про-Каталонските гласови ќе бидат сè пообединети во бранењето на нивните права и слобода“, изјави на твитер градоначалникот на Барселона Ада Колау.

 

Каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон ја обвини Шпанија за имплементирање на де факто вонредна состојба, со суспендирањето на федералната моќ на регионот преку зголемувањето на контролата врз Каталонските финансии.

 

Шпанската полиција заплени околу 10 милиони гласачки ливчиња кои беа планирани да се употребат на референдумот, како и 45 илјади соопштенија кои биле наменети за граѓани на Каталонија кои биле одбрани да управуваат со гласачките места.

 

Официјален Мадрид се закани и со притворања на градоначалниците кои ќе дозволат со гласање во нивните општини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи