ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Капитални инвестиции во средните училишта во Општина Прилеп

Инвестирањето во квалитетно образование и квалитетни услови за работа во образовните институции е вложување во иднината на нашите деца и градење на средина во која ќе растат и ќе се развиваат идни интелектуалци и предводници на нацијата. Истакнаа на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пресуваме во целост.

 

 

„Токму оваа мисија во изминатите 12 години беше главен приоритет на локалната власт во општина Прилеп предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Марјан Ристески.

 

Од првиот ден до денес вложувањата во образованието се на прво место, а за тоа говорат повеќе од 10 милиони евра вложени во развојот и издигнувањето на образовниот процес во Прилеп.

 

Петте среди училишта во градот доживеаа целосна ренесанса и од руинирани и запустени училишни згради, прераснаа во модерни образовни институции, со целосно подобрен внатрешен и надворешен изглед и современи услови за работа и одвивање на наставата.

 

Инвестираните 50 милиони денари за СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” значеа нова спортска сала, целосна реконструкција на училишниот објект – нов кров, термо фасада, промена на внатрешната и надворешната столарија, нов скалишен простор, реконструкција на санитарните јазли, набавка на фитнес опрема, нови парни котли, нова котлара во стариот објект за потребите на спортската сала и партерно уредување на училишниот двор.

 

Гимназијата “Мирче Ацев” доби ново мултинаменско игралиште, тениско игралиште, како и целосна реконструкција на спортската сала. Училишниот двор беше целосно ограден, а училниците добија нови подови. Се изврши санација на санитарните јазли, како и промена на дел од надворешната столарија. Вкупните инвестиции во оваа училиште изнесуваат 28 милиони денари.

 

Големи средства се вложија и во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” каде се инвестираа над 68 милиони денари, а се реализираа следните проекти: Комплетна промена на надворешната столарија, санација на подови на дел од училниците, нови парни котли и отворање на реална компанија – автомеханичарска работилница. Училиштето исто така доби нова современа спортска сала со трибини.

 

СОУ “Ѓорче Петров” кое беше можеби најруинирано доби исто така нова спортска сала во вредност од 24 милиони денари, се постави ново централно греење, се изврши целосна промена на внатрешната и надворешната столарија и санација на дел од санитарните јазли. Училиштето доби и нов влез на објектот, партерно уредување со големи зелени површини во дворот, како и центар за практична настава. Вкупно во ова училиште инвестирани се 51 милиони денари.

 

Се инвестираше и во СОУ “Орде Чопела” каде инвестициите изнесуваат 29 милиони денари. Учениците и наставниот кадар во ова училиште добија целосна реконструкција на спортската сала, промена на внатрешната и надворешната столарија, реконструкција на училишната лабораторија, нова ветеринарна амбуланта, како и нов асфалт на спортското игралиште во дворот на училиштето.

 

Почитувани ова е само мал дел од она што беше реализирано како проекти во средното образование во Прилеп. Ваквите проекти во сите свери на општественото живеење е она што не краси и што ни дава доблест да излеземе пред вас и повторно да ја побараме довербата за Марјан Ристески на 15-ти октомври.

 

Ова е клучната разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. На едната страна ќе забележите работа и посветеност кон потребите на граѓаните, а на другата секојдневно уништување и распродавање на националните и државни интереси. Ете токму затоа граѓаните на Прилеп на претстојните локални избори повторно довербата ќе ја дадат на сегашниот и иден градоначалник Марјан Ристески“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи