ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : СДСМ гласаше против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите

Пред само неколку дена пратениците на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ поднесоа предлог закон во Собранието на Република Македонија за зголемување на пензиите за 650 денари на околу 300.000 пензионери во државата. Со освојувањето на овој закон за кој беше потребна поддршка од минимум 10 пратеници а е од интерес на сите пензионери во Македонија, се предвидуваше од февруари идната година пензионерите да добијат 650 денари повеќе како што беше пракса додека ВМРО-ДПМНЕ

раководеше со владата на Република Македонија. Рекоа на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Со Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвидува во 2018 година за сите видови на пензии без разлика дали се повисоки или пониски согласно со овој закон да се усогласат на начин што вкупниот износ за исплата на пензиите од декември 2017 година ќе се зголеми за 5% и ќе се подели со вкупниот број на корисници на пензија кои што ја оствариле

заклучно со декември 2017 година.

 

Меѓутоа СДС останаа глуви за овој закон и го покажа грубиот и игнорантски однос кон нашите сограѓани. Слоганот кој незаслужено популистички го користите “Зборот е збор!“ не ви доликува и изгледа само излитено и смешно кога го користите. Како може да им се верува луѓе кои ветија се пред избори а исполнија само проекти кои се од антидржавен карактер.

 

Поради ова пензионерите со право се чувствуваат изманипулирани и излажани, бидејќи ги знаат своите сметки и права, ги знаат своите месечни приходи и пензии.

 

За илустрација, ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години од своето владеење ги зголеми пензиите на сите пензионери во државата. Најниската пензија се зголеми за 105%, и ако во 2006 година најниската пензија беше 4.330 денари, во 2016 година најниската пензија достигна 8.890 денари. Не само преку зголемување на пензиите, туку и преку огромен број на владини и локални проекти се подобри животот на пензионерите во изминатите 12 години.

 

Општина Прилеп на чело со градоначалникот Ристески значително придонесоа, пензионерите во Прилеп да имаат достоинствен живот како што доликува на секој граѓанин. НО, да резимираме! Прв пат после единаесет години нема да има покачување на пензиите во Република Македонија. СДС не дозволи пензионерите да добијат плус уште една просечна пензија од 8.200 денари во текот на годината.Со празни ветувања, двојазичност, намалувања на пензии, зголемување на даноци не се носи живот! Се носат задолжувања, дискриминации, шиканирања!

 

Затоа на претстојните локални избори граѓаните ќе ви нанесат пораз со кој јасно ќе ви се даде на знаење дека вашите ненародни манипулативни методи на владеење нема да поминат повеќе. Ќе останете само едно лошо поглавје од прилепската и македонската политичка историја, како партија која за рекорден рок проба да ги распродаде македонските интереси и достоинството на македонскиот народ!“, истакнаа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи