Нова забрана за патување во САД, вклучувајќи ги С. Кореа и Венецуела

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Администрацијата на Трамп воведе нова забрана за патување на жители од 8 земји во САД, вклучувајќи ги Северна Кореа и Венецуела, откако претходната забрана која важеше за  муслимански земји истече во неделата. Новите рестрикции важат за жители на земји кои според Трамп одбиваат да споделат информации поврзани со тероризам со американската влада.

 

Претходната забрана за влез во САД важеше за жителите на Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен, со изговор дека немаат добронамерни односи со и кон жителите на САД. Од новата забрана е изоставена Судан, бидејќи според американската администрација започнала со соработка околу надгледување на безбедноста и споделување на информации битни за САД. Сепак додадени се три нови земји и тоа Чад, Северна Кореа и Венецуела.

 

Рестрикциите се различни за секоја земја. Според претставници на администрацијата овие рестрикции се неопходни и се базирани брз основа на акции и намери и не се временски ограничени. Целта на акциите не е да се забрани влез во САД за одредени земји, туку да се заштитат граѓаните на САД од влади и режими кои не соработуваат со САД и претставуваат закана за американската безбедност. Забраната ќе биде разгледувана секои 180 дена и ќе биде одлучено дали земјите опфатени со истата ќе бидат тргнати или не. Исто така не е исклучено и други земји да бидат додадени на листата за забрана за патување во САД.

 

„Како претседател, јас морам да ги штитам интересите и безбедноста на САД и на нејзините жители. Да се направи Америка безбедна е мој приоритет број еден. Нема да ги примаме во нашата земја оние покрај кои не се чувствуваме безбедно. Колку построга забрана, толку подобро“, изјави Трамп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи