ВИДЕО : Ристески : На Прилеп му треба тим од чесни и родољуби сограѓани кои ќе работат на негов просперитет

Велат – раликата помеѓу успехот и неуспехот е во добриот тим. Должноста на локалната самоуправа и на Советот на Општината е да ги заштитува интересите на граѓаните а не да ги раководи нивните животи. Затоа не е сеедно кој ќе зборува во име на граѓаните наредните години и дали проблемите ќе им ги решава  или намерно ќе ги заборава. Истакна на денешната прес конференција носителот на листа на советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Прилеп, Петар Ристески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост .

 

 

„Токму затоа на Прилеп му е најпрво потребен тим од чесни сограѓани, родољуби, кои ќе работат заедно кон остварување на визијата општина Прилеп да биде успешна и просперитетна, да биде место кое со гордост ќе се нарекува дом. Тоа е тимот од 27 кандидати за советници на советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери.

 

Со гордост можеме да кажеме дека ова е победничкиот тим кој за граѓаните ќе донесе убедлива победа на претстојните локални извбри и кој во наредниот мандат ќе ја продолжи определбата Прилеп да се развива на секое поле. Нема да дозволи општината да стане огромен камп за бегалци, нема да дозволи народот да го тероризираат политички обоени револуционери и слаткоречиви манипуланти, нема да дозволи да запре развојот на општината, новите инвестиции и новите работни места.

 

Нашиот тим на кандидати за советници е одличен спој, одлична синергија од искуство, знаење, енергија и визионерство. Спојот од интелектуалци, спортисти, просветни работници, успешни луѓе од бизнис секторот, млади – со еден збор луѓе кои знаат како дише и пулсира градот е уште еден гарант дека по победата на 15 Октомври општина Прилеп ќе го задржи успешно поставениот курс на напредок и развој.

 

 

Почитувани Прилепчани,

 

Затоа стоиме сите заедно пред вас, отворено ја бараме вашата поддршка на  локалните избори за да можеме заедно со силна посветеност, отчетнос и работа да продолжиме да го градиме животот во Прилеп. Да продолжиме да го градиме местото каде ќе живеат и просперираат нашите браќа, сестри, деца, внуци, соседи.

 

Сами можеме да направиме многу малку но заедно, можеме да направиме се!

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи