Во неделата на 24 септември, Италијански воен авион од типот Јурофајтер Ф-2000А Тајфун се сруши в море, изведувајќи акробации за време на воздушно шоу во Терачина, 74 километри јужно од Рим.
Несреќата се случи пред очите на стотиците посетители кои беа дојдени со цел да го следат шоуто. Воената авијација на Италија подоцна објави дека е пронајдено мртвото тело на пилотот, капетан Габриеле Орланди, кој не успеал да се катапултира од својот кокпит.
„Беше ужасно. Авионот требаше само да прелета блиску над водата и повторно да се крени горе. Наместо тоа тој се заби дирекно в море“, истакнал еден од посетителите.
Инаку ова е втор смртоносен пад на авоин од типот Тајфун за помалку од 2 недели, откако авион на Саудиското воздухопловство се сруши во Јемен на 13 септември.