Русија тестираше нова Топољ балистичка ракета

Facebook
Twitter
Email
Print

Русија успешно тестираше нова интерконтинентална балистичка РС-12М Топољ ракета, изјави министерството за одбрана, додавајќи дека резултатите ќе бидат искористени при развој на нови технологии.

 

Тестот беше спроведен во Капуцин Јар полигонот во Јужна Русија, притоа истакнувајќи дека боевата глава ја погодила целта во Шари Саган во Казахстан. Според министерството целите се тестирање на нова технологија која руските балистички ракети ќе ја користат за што поуспешно пробивање на противвоздушната одбрана на непријателот

 

Минатата недела Русија ја тестираше нивната нова, модерна Јарс балистичка ракета, која што има домет од 12 000 километри. Ракетата која користи цврсто гориво за погон е способна да носи повеќе боеви глави. Таа е напредна верзија на веќе споменатата Топољ М и е дизајнирана да ги замени веќе застарените балистички ракети УР-100Н кои користат течно гориво.

 

Тест на РС-28 супер-тешката термонуклеарна интерконтинентална балистичка ракета, која кај НАТО е позната како Сатана 2 е најавен за октомври.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи