Инфо Компас разговараше со претседателката на ОК „Златоврв“ – Прилеп, Мери Чкрипеска, околу најновиот меѓународен натпревар во ориентација „Пеце Атанасоски“ кој веќе 6-та година по ред се одржува во Прилеп.
Натпреварот започнува од 29 септември и ќе трае до 01 октомври. На 29 септември натпреварот ќе се одржи во Крушево, а на 30 септември и 1 октомври ќе биде во Прилеп.
На овој натпревар пријавени се околу 200 учесници, од кои 100 ќе бидат од странство, од 14 држави. Организатори на оваа манифестација се Ориентациониот клуб „Златоврв“ од Прилеп со поддршка на Општина Прилеп.
Повеќе околу целиот настан и што точно претставува ориентацијата погледнете во видеото.