Како нова локална власт, ќе ги поддржиме малите стартап компании на кои бесплатно ќе им остапуваме простор и услови за вршење на својата дејност. Со тоа, ќе им помогнеме на сите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, особено на младите стручни кадри кои сакаат да работат и да живеат во Прилеп. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Илија Јогваноски.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Во соработка со Владата предводена од СДСМ, ќе изработиме акциски план за итно привлекување на домашни и странски инвеститори во Прилеп за кои ќе има исти услови за инвестирање.
Ќе оформиме нов сектор во Локалната самоуправа кој ќе биде задолжен за истражување на можностите за економско искористување на суровините со кои располага Прилеп.
Сите традиционални занаети во Прилеп, ќе ги поддржиме со финансии и друга логистика.
Ние ја активираме спиралата на покачување на платите, преку директна поддршка на домашните фирми, пред се за малите и средните претпријатија“