Кинеската влада нареди затворање фабриките и бизнисите што во сопственост на Северна Кореја на сопствената територија. Наредбата важи и за оние компании кои се во партнерство со кинески компании. Овој акт следи по санкциите кои ги предложи ООН, како одговор на ракетните и нуклеарни проби кои Северна Кореја ги изврши во последниов период.
Министерството за трговија на Кина истакна дека сите бизниси кои се во сопственост на севернокорејски компании или индивидуалци мора да бидат затворени во наредните 120 дена.
Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја и бизнисите што Пјонгјанг ги има во Кина претставуваат главниот прилив со надворешни валути на изолираната земја. Новите санкции на ООН забранија трговија со јаглен и текстил од Северна Кореја и им наредија на владите да ја лимитираат трговијата со горива.
Кина е најголемиот сојузник на Северна Кореја во последните години, но е под постојан притисок, особено од САД, да го заостри односот кон Пјонгјанг.