Проработи вулканот Манаро

Facebook
Twitter
Email
Print

Властите во Вануату наредија целоста евакуација на островот Амбае, откако се зголеми опасноста за ерупција на вулканот Манаро.

 

Околу 8000 луѓе веќе ги напуштија своите домови и се упатија кон евакуационите центри. Целосната евакуација на островот треба да биде завршена до наредниот петок. Степенот на узбуна е кренат на четврто ниво, што значи се очекува средна по силина ерупција на вулканот.

 

„Нивото на опасност е високо, па затоа Советот на министри одлучи да извршиме целосна евакуација на островот Амбае“, изјави премиерот на Вануату Шарлот Салваи.

 

Австралија одговори на барањето за асистенција и донираше храна, вода, а понуди и засолниште доколку е потребно.

 

Министерството за одбрана на Нов Зеланд испрати авион над островот Амбае на почетокот на неделава и исткакна дека тоа е најактивната состојба на вулканот што ја имаат забележано за подолг период. Околу 10 000 луѓе живеат на островот.

 

Вануату се смета за една од земјите во светот со најголем број на природни катастрофи, со активни вулкани на својата територија, како и редовни циклони и земјотреси.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи