Верстапен најбрз во Малезија

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен победи на денешното Гранд при во Формула 1 во Малезија. По превземањето на водството уште во четвртиот круг од трката, Верстапен постави темпо кое што Луис Хамилтон не беше во можност да го следи.

 

По овој момент, првото место на Холанѓанецот не беше ставено под знак прашалник во ниту еден момент и тој низ целта мина со над 10 секунди предност во однос на Луис Хамилтон.

 

Еден ден по неговиот роденден, Холаѓанецот ја извојува втората победа во својата кариера, по победата во Шпанија минатата сезона, во неговиот деби настап за тимот на Ред Бул. Тоа беше победа која му ја донесе титулата на најмлад возач кој успеал да забележи победа на официјална трка во формула 1, со само 18 години.

 

Одлична трка имаше и возачот на Ферари, Фетел кој што започна како последен, но успеа да направи одличен резулат завршувајќи на четвртата позиција, со што остана во трка за првата позиција, заостанувајќи 34 бода зад Луис Хамилтон. Неговиот клубски колега Рајконен, кој требаше да стартува од втората позиција, не успеа да ја започне трката поради проблеми со турбото.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien