Видео-ВМРО-ДПМНЕ: Преку енергетски проекти до помали сметки

Преку големиот број на проекти кои се планирани за наредниот мандат во областа на енергетски ефикасно домување, граѓаните ќе остварат заштеда на енергија и помали сметки. Ќе се субвенционира промената на старите фасади кои не ги задоволуваат изолационите критериуми со нови енергетски ефикасни термоизолациони фасади, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во денешната прес конференција.

 

Прес конференцијата ви ја пренесуваме во целост.

 

 

„Со цел да го подобриме квалитетот на живот на нашите сограѓани и да го зачуваме семејниот буџет на домаќинствата, ќе реализираме голем број на проекти во областа на енергетски ефикасното домување.

 

Голем број од станбените згради во Прилеп се градени пред повеќе децении и веќе не ги задоволуваат критериумите на енергетска ефикасност а граѓаните плаќаат високи сметки за надомест за потрошувачка на енергија.

 

Кај колективното домувањеќе субвенционираме промена на енергетски ефикасна термоизолациона фасада, ПВЦ дограма, стакларници на скалишен простор и влезни врати на станбените згради. Со ова граѓаните долгорочно ќе ја намалат потрошувачката на енергија до 40% и значително ќе ги намалат давачките што позитивно ќе се одрази на семејниот буџет.

 

За промена  на термоизолациона фасада  кај индивидуалното домување  ќе субвенционираме 20 % од вкупната вредност за изведба на фасадата од објект за семејно домување, а максимум до 500 евра денарска противвредност.

 

Покрај обезбедувањето на градежни парцели за изградба на куќи по крајно поволни услови, ќе им помогнеме на младите брачни парови и на повеќечлените семејства да го решат станбеното прашање и преку повластено намалување на комуналиите за изградба на семејни куќи.  Ќе субвенционираме промена на фасади во центарот на градот и други згради во општината а воедно ќе го субвенционираме и оддржувањето на лифтовите во станбените згради.

 

Со овие мерки и проекти домаќинствата ќе остварат заштеда на енергија, ќе се штити животната средина и најважно од се, со плаќањето на помали сметки за енергија ќе се оствари финансиска заштеда и подобро планирање на семејниот буџет.

 

Со работа, за подобар живот на граѓаните!“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien