ВИДЕО-Јованоски: Ќе изградиме „Здравствено спортско рекреативен центар“ со покриен базен

Денес прес конференција одржа кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски. Тој го обвини неговиот конкурент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески за катастрофалната состојба во која се наоѓа познатата сала „Македонија“ и најави дека ќе ја претвори во „Здравствено спортско рекреативен центар“ со покриен базен.

 

Прес конференцијата ви ја пренесуваме во целост.

 

 

 

„Ова е објектот што Марјан Ристески, 12 години го остави на забот на времето и ништо не направи.

Ние сме овде пред сала „Македонија“ да го промовираме новиот проект кој ќе се вика: „Здравствено спортско рекреативен центар“ со покриен базен и токму ќе биде направен на ова место.

Овај центар ќе биде наменет за сите граѓани на Прилеп, и тоа за деца со искривен рбет, мајки со бебиња, повредени спортисти за физикална терапија и возрасни со дегенеретивни заболувања. Вториот дел ќе биде наменет за рекреативни пливање, фитнес центар и колективна гимнастика. Зошто е битен ова центар, сите школски деца од 6 до 18 години имаат искривен рбет од 25 проценти.Хидро терапијата е најдобра докажана метода за корекција на оваа деформација, затоа ние посакуваме да имаме здрави и исправени деца.

Почитувани сограѓани, сите сме овде да дадеме нов живот на Прилеп и на младината во Прилеп“, изјави Јованоски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien