ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже, сала „Македонија“ не е под општинска надлежност

ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп изјави дека Локалната самоуправа не е сопственик на салата „Македонија“ и ги обвини СДСМ дека повторно лажат.

 

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, за денешниот прес на кандидатот за градоначалник од страна на СДСМ Илија Јованоски ви ја пренесуваме во целост.

 

„СДС и нивниот кандидат за градоначалник и понатаму продолжуваат да шират лаги, највероватно мислеjќи дека со лага повторно ќе добијат некој глас повеќе. Или пак покажуваат елементарни непознавања во врска со надлежноста која ја има градоначалникот, во обид да кажат некој лош збор за Марјан Ристески.

Г-дине Јованоски, жално е што не знаете дека Локалната самоуправа не е сопственик на салата Македонија. Со салата стопанисува ЈП за стопанисување со спортски објекти на Р.М. Значи градоначалникот не може и не смее да вложува во овој објект. Невозможно е во рамките на овој објект да се изгради затворен базен и тоа го знае секој човек кој логички би размислил. Или пак планирате да ја туркате салата? Немате надлежност ни за тоа! Добро е тие што Ви ги пишуваат текстовите пред да излезете да ги читате барем да Ви кажат што може да работи и кои се надлежностите на градоначалникот?!

Истовремено добро би било да Ви кажат дека оваа сала има милионски долг кој се провлекува од Ваше време, време на СДСМ!

Слушаjќи го овој прес, се добива впечаток дека се кандидирате за министер за здравство.
15-ти Октомври се ближи, а Вие сеуште немате покажано програма за работа! Крајно време е да ја видат прилепчани програмата со која ја барате нивната доверба, а не секојдневно да излегувате со вакви популистички проекти, проекти кои Локалната самоуправа не смее да ги реализира, а кои се добри само за слушање!

Прилепчани го препознаваат Вашето лицемерие и затоа на 15-ти Октомври ќе го дадат својот глас за број 13 и Марјан Ристески, за Коалицијата за подобра Македонија, за работа, за Прилеп!“, се вели во реакцијата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien