Хаос на стартот на референдумот во Каталонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Каталонскиот референдум за независност започна хаотично, со судири помеѓу полицијата која што се обидува да го спречи гласањето и граѓаните на овој регион во Шпанија кои што ја поддржуваат независноста на Каталонија.

 

Каталонската влада соопшти дека 38 лица се повредени од страна на полицијата, а тројца поминале со „помали повреди”. Поголеми инциденти се пријавени во Барселонета каде граѓаните се обиделе да ја спречат полицијата да влезе во една зграда.

 

Полицијата ги спречува граѓаните да гласаат со тоа што ги затвора гласачките места и ги одзема гласачкиот материјал и гласачките кутии. Полициските сили стрелале со гумени куршуми обидувајќи се да ги отстранат демонстрантите кои сакале да ги спречат полициските возила со конфискуваниот гласачки материјал да се оддалечат од избирачкото место.

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон го осуди насилството на федералната полиција.
„Неоправданата употреба на сила од страна на Шпанската држава не може да ја спречи вољата на народот во Каталонија“, им изјави Пуџдемон на новинарите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи