ВИДЕО : Над 200 учесници на меѓународниот натпревар во ориентација „Пеце Атанасоски“ во Прилеп

Во Прилеп се одржа 6-тиот по ред меѓународен натпревар во ориентација „Пеце Атанасоски“. Натпреварот траеше 3 дена од 29 септември до денес. Првиот ден натпреварот се одвиваше во Крушево, вчера настанот продолжи на Маркови кули, а денес пак на последниот ден манифестацијата се одвиваше на Селечка планина во околината на манастирот „Св. Димитрија кај Селце.

 

 

„Странците се многу задоволни кажуваат дека ова е еден од најдобрите терени каде што биле досега тоа е најмногу што нас не исполнува како организатори и сме многу среќни затоа што имаме голем напредок за разлика од лани и простор да напредуваме и да го развиваме овој спорт и да носиме многу луѓе од странство. Имаме 200 учесници, 100 учесници се од странство од 14 земји другите се од Македонија. Имаме учесници и од училиштата од нашиот град со кои соработуваме“, истакна Мери Чкрипеска, организатор на настанот.

 

Прв од машката конкуренција во елитната трка беше Николо Лива од Италија, во женска конкуренција прва на целта пристигна Сини Пекала од Финска.

 

„Јас навистина уживам во овој предел тука, во Македонија, ќе им предложам и други луѓе и на моите пријатели да дојдат тука. Оваа земја е навистина прекрасна“, Николо Лива, натпреварувач од Италија.

 

„Ми се допаднаа сите терени на кои што се натпреварувавме тука во Прилеп. Особено денеска. Беше навистина тешко, но јас уживав бидејќи не го знам теренот и ми беше предизвик што сум тука“, истакна Сини Пекала натпреварувач од Финска.

 

Странските натпреварувачи беа одушеви од прекрасните предели и убавината на нашата земја.

 

„За прв пат сум во Македонија многу ми се допаѓа теренот, тој е прекрасен, има доста вариетите, низини, планини, зеленило, многу ми се допаѓа“, кажа Ремо Мадела, натпреварувач од Италија.

 

„Јас сум за прв пат тука, ние сме дојдени 20 мина од Финска. Многу ми се допаѓа теренот и конкуренцијата беше одлична. Сега победив и сум многу среќен. Има многу убави планини и ридови наоколу“, кажа Јорма Олалејмен, натпреварувач од Финска.

 

„За прв пат сум во Македонија, фантастичное , многу е забавно да се трча тука, ужива во престојот“, вели Ким Фарнесхансн, натпреварувач од Норвешка.

 

 

Натпреварувачите кои се занимаваат со ориентација потребно е да имаат компас, електронски чип, кој го носат на прстот и со кој се чекираат дека ги поминале зададените точки, а носат и мапа која секој натпреварувач ја добива на стартот на трката.

 

„Денеска е најдолгата рута, мислам дека беше 5 км. Јас го освоив 5-тото место денеска. Ориентацијата е еден интересен вид на трчање со контролни точки кои треба да се пронајдат кои се поставени скриени. Тие се пронаоѓаат со помош на мапа и компас и имаме читач на секоја контролна точка и сето тоа се евидентира комјутерски“, рече Александра Василеска, натпреварувач од Македонија.

 

Од ориентациониот клуб „Златоврв“ од Прилеп се надеваат дека идната година ќе имаат многу повеќе гости од странство, но и од Македонија. Од клубот велат дека ќе ги направат сите потребни напори за популаризација на овој спорт кај нас.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи