Историско „ДА“ на референдумот во Каталонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Шпанија се соочува со политичка и уставна криза по историско „ДА“ на референдум за независност одржан во Каталонија. Каталонската влада изјави дека го заслужиле правото на независност од Шпанија откако 90% од излезените гласачи ја поддржаа оваа иницијатива. И покрај неочекувано жестоката реакција на шпанската полиција, излезеноста на овој референдум беше нешто над 42%.

 

Министерството за здравство во Каталонија изјави дека 893 луѓе биле повредени за време на судирите со полицијата која што употреби и гумени куршуми при обидите гласачките материјали и кутии да бидат конфискувани.

 

Илјадници Каталонци излегоа на улиците да го прослават референдумот за независност. Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон ќе побара мислење за барањето каталонскиот парламент следната недела да гласа за декларација за независност.

 

„На овој ден на надеж и страдање, каталонските граѓани заработија право да имаат независна држава во форма на Република“, изјави Карлес Пучдемон – претседател на Каталонија.

 

Европската унија ја истакна својата поддршка за влада на Шпанија, која што инсистира дека референдумот е незаконски со оглед на тоа што беше прогласен за противуставен од страна на шпанскот Врховен суд.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи