Пике: Јас сум Каталонец и ако треба ќе се повлечам од репрезентацијата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Одбрамбениот играч на Барселона, Жерар Пике изјави дека доколку неговата поддршка на референдумот за независност на Каталонија претставува проблем, тој ќе се повлече од репрезентацијата на Шпанија пред одржувањето на Светското првенство во 2018 година.

 

Откако се појави на гласачкото место и откри дека гласал „За“ независност на Каталонија, навивачите веднаш го нападнаа и бараат од шпанскиот фудбалски сојуз да го исфрлат од репрезентацијата.

 

„Мислам дека можам да продолжам. Но доколку раководството мисли дека претставувам проблем ќе се повлечам од националната репрезентација. Има многу луѓе кои не се согласуваат со тоа што се случи денес и веруваат во демократијата“, изјави Пике.

 

Ѕвездата на Барселона рече дека забраната на референдумот уште повеќе ќе го наруши односот меѓу Шпанија и Каталонија.

 

„Не можев да верувам. Мислев дека ќе се обидат да го забранат гласањето, но мило ми е што целиот свет можеше да види за што се работи. Оваа одлука е една од најлошите во последните 45 години и само ќе го наруши односот меѓу Шпанија и Каталонија“, заклучи Пике.

 

Во последното коло од шпанската Примера, Барселона извојува победа над Лас Палмас со 3:0, натпревар кој поради немирите во градот беше одигран пред празни трибини и кој за 30 годишниот играч бил најтешкиот во неговата кариера.

 

Пике има одиграно 91 натпревар за репрезентацијата на Шпанија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи