Повеќе од 20 загинати при напад во Лас Вегас

Facebook
Twitter
Email
Print

Повеќе од 20 загинати и преку 100 повредени е билансот, кој не е конечен, на инцидентот кој се случи на музички фестивал во Лас Вегас. Напаѓачот пукајќи од хотел во близина истрелал неколку рафали од автоматско оружје врз толпата која го следела концертот на кантри пејачот Џејсон Алдеан, пред да биде совладан од специјалните сили на полицијата.

 

 

 

Неколку тимови на „SWAT“ единицита веднаш биле испратени во хотелот по првите пријави за пукање со автоматско оружје. Неколку минути после полноќ, полицијата на Лас Вегас излезе со соопштение дека напаѓачот е совладан и дека најверојатно дејстувавал сам.

 

Очевидци тврдат дека на концертот, на кој биле присутни околу 30.000 луѓе, се слушнале стотици истрели.

 

„Слушнавме звук што на почетокот звучеше како петарди, но набрзо свативме дека станува збор за истрели од огнено оружје. Луѓето почнаа да викаат дека се погодени. Кога почнавме да бегаме на земјата веќе лежеа повеќе од 100 луѓе кои беа погодени. Дел се обидуваа да ги спасат своите пријатели, додека сè уште се слушаа истрели“, изјави Меган Карни, присутна на концертот во публиката.

 

 

 

Полицијата на Твитер ги повика граѓаните да го избегнуваат местото каде што се одржувал концерот, кое инаку е во близина на казината и на аеродромот. Познатиот булевар во Лас Вегас е затворен, а одредени летови кон градот се пренасочени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи