Арсенал и ПСЖ пред сензационална трампа

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и ПСЖ спремаат голема трампа која може да се случи во зимскиот преоден рок.

 

Имено и двата клуба во своите редови имаат играчи кои не се задоволни и многу е веројатно дека во зимскиот преоден рок ќе видиме нивна размена, со мала доплата од страна на францускиот тим. Се работи за Алексис Санчез и Јулијан Дракслер кои ако не во јануари, тогаш во јуни со сигурност ќе ја променат својата средина.

 

Чилеанецот беше на чекор до Манчестер Сити во последниот ден од летниот преоден рок, „Граѓаните“ веруваа дека го имаат потписот на Алексис Санчез, но Арсенал се повлече од зделката во 5 до 12 откако „Топџиите“ не успеаја да го договорат Томас Лемар од Монако.

 

Алексис Санчез би бил уште еден дел од бомбастичниот напад на парижаните кој го сочинуваат Нејмар, Кавани и Мбапе. Дракслер по доаѓањето на Мбапе и Нејмар падна во втор план на тренерот Емери и речиси со сигурност ќе го напушти клубот. За него интерес постои и од Реал Мадрид, Интер и Баерн Минхен.

 

Во прилог на двата клуба е и фактот што Санчез ќе може да настапува во Лигата на шампиони со ПСЖ, додека Дрекслер ќе може да игра во Лига Европа со Арсенал.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien