Застрашувачки арсенал на огнено оружје пронајден кај напаѓачот во Лас Вегас

Пензионираниот сметководител кој што го изврши најсмртоносниот напад со огнено оружје во САД поседувал застрашувачки арсенал на огнено оружје. Стивен Педок, 64, кој беше идентификуван како единствениот напаѓач на вчерашното музичко шоу во Лас Вегас,  уби 59 и рани 527 луѓе од хотелската соба во Мандалеј Беј.

 

Тој отвори оган врз толпата која што го следеше кантри музичкиот фестивал околу 22 часот и не престана да пука цели 15 минути. Околу 23 и 20 часот, полицијата конечно ја откри неговата позиција откако чадот од огненото оружје ги активирал алармите за пожар.

 

Кога полицијата влегла во неговата соба, откако си го одзел сопствениот живот, нашла 23 парчиња оружје и стотици парчиња муниција, кои биле внесени во собата со 10 куфери во текот на претходните 3 дена, колку што Педок престојувал во хотелот.

 

Во неговиот дом, околу 145 километри северно до Вегас, полицијата пронашла уште 19 парчиња оружје, експлозиви и илјадници куршуми.

 

Исламската држава превзеде одговорност за масакрот, тврдејќи дека Педок преминал во Ислам пред неколку месеци, но сепак полицијата досега нема пронајдено докази кои го потврдуваат тоа, ниту пак се пронајдени било какви докази кои го поврзуваат Педок со било која друга терористичка организиција. Според полицијата, тој немал ни полициско досие претходно.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien