О.К. ВМРО-ДПМНЕ Прилеп поднесе кривична пријава против Илија Јованоски за непријавен имот

Почитувани, сакаме да ја информираме целата јавност, дека денес,  Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ Прилеп, до Основното јавно обвинителство на РМ поднесе кривична пријава против в.д. Директорот на градската болница „Борка Талески“ Прилеп воедно и кандидат за градоначалник од редовите на СДС, господинот Илија Јованоски. Велат во соопштението од О.К. ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Господа од СДС, за разлика од вашите секојдневни шпекулативни информации и неосновани пријави, еве ви докази кои се неспорни и според кои ова лице направило грубо прекршување на Законот за спречување на корупција.

 

Имено секое лице кое обавува функција во Република Македонија, согласно погоре цитираниот закон е должно да го пријави својот имот, имотот на брачниот другар, удели во фирми, долгови и побарувања доколку ги има, но за разлика од другите, како и секогаш, така и сега законите во нашата држава не важат за функционерите од СДС.

 

Господинот Илија Јованоски додека ја извршува својата должност на советник во Советот на Општина Прилеп има законска обврска да го пријави својот имот, но истиот не ја пријавил приватната оридинација по општа медицина ОРТOМЕДИКА, сопственост на неговата сопруга, која што согласно Законот за спречување на корупција бил должен да ја пријави, со што сторил грубо прекршување на законот како и кривични дела по член 359-а Противправно стекнување и прикривање на имот и член 359-б Прикривање на потеклото на несразмерно стекнат имот.“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien