Трамп нареди 60% од дипломатскиот персонал на амбасадата на Куба да се повлечат од САД

Новата администрација на САД е на добар пат да ги поништи напорите на претходниот претседател Барак Обама за повторно воспоставување на добри односи ос Куба.

 

Администрацијата на Трамп се подготвува да ја повика амбасадата на Куба да повлече 60% од својот дипломатскит персонал во Вашингтон. Овој потег доаѓа како продолжение на одлуката на САД да повлечат исто така околу 60% од својот дипломатски персонал од Куба.

 

Овој потег претставува уште еден голем чекор назад во односите помеѓу двете земји, кои за време на претходната администрација за прв пат по Студената војна воспоставија дипломатски односи. Тоа е како одговор на САД за заштита на својот дипломатски персонал откако 21 Американец беа нападнати во Хавана со непозната болест, која ги оштетува центрите за слух, вид и баланс.

 

Куба одби било каква поврзаност со нападите. Иако според Вашингтон оваа мерка не е наменета против Куба, сепак официјална Хавана на ова гледа како акт на непосакувани односи.

 

Вашингтон прво ќе побара Куба сама да го повлече својот персонал, а доколку одбие тогаш тие ќе бидат присилно протерани од територијата на САД, изјавија од Вашингтон.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien