ВИДЕО : ВМРО-ДПМНЕ : Ќе отвориме 4 нови градинки во Рид, Сточен Пазар, Точила и Корзо

Децата и грижата за нив се наш врвен приоритет! Тие се нашата иднина! Иднина на Прилеп, иднина на Македонија! Една од нашите обврски е згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст. Затоа, во изминатиот период особено внимание посветивме на отварање на нови објекти наменети за Детски градинки или реконструкција и адаптација на постојни објекти, со што значително се зголеми капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст. Истакнаа на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Во следниот период, ветуваме дека ќе ги зголемиме капацитетите за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст со отварање на детски градинки и тоа во едни од најголемите урбани заедници: Рид, Сточен Пазар,Точила и Корзо, а тоа е градинката која е во рамки на ОУ„Рампо Левката“.

 

Со отварањето на овие нови градинки  планирано е да бидат згрижени вкупно 670 деца, а веќе постоечките капацитети ќе ги реконструираме со промена на надворешната столарија, поставување на термо фасади, санација на покриви, на кои ќе поставиме фотоволтаични панели со цел поголема енергетска ефикасност.

 

Истовремено ќе продолжиме со отварање на градинки во населените места во општина Прилеп, онаму каде што е потреба и барање на родителите.

 

Благодарение на градоначалникот Марјан Ристески ии Локалната самоуправа предводена од ВМРО – ДПМНЕ ,веќе функционираат градинките во 4-рите населени места во општина Прилеп и тоа: Беровци, Канатларци, Големо Коњари и Тополчани.

 

Со цел да бидат реализирани овие проекти Ве повикуваме на 15-ти Октомври да го дадете својот глас за број 13 за ВМРО – ДПМНЕ и Марјан Ристески за градоначалник, за да продолжиме со работа за Прилеп, за Македонија!“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи