Општина Прилеп во изминатиот период инвестираше во подобрување во патната мрежа како во градот така и во населените места, со што согласно Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици инвестиравме во 200 км. асфалтна патна мрежа со вкупна инвестиција од 22 милиони евра. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Приоритетни проекти од патната инфраструктура, во наредниот четиригодишен период, ќе бидат следните:
- Реконструкција на дел од ул. „11-ти Октомври“ се работи за реконструкција на улицата со четири коловозни ленти, среден разделен појас со улично осветлување, велосипедски патеки и двострани тротоари, како и изградба на крстосница со кружен тек над градската река, со што ќе се зголеми безбедноста, проточноста и ефикасноста во сообраќајот во овој дел на градот
- Изведба на ул. „Кеј 1-ви Мај“, од Стара автобуска до мостот во Сточен пазар
- Реконструкција на булевар „Гоце Делчев“ (поранешна градска кафана до крстосница кај НУЦК Марко Цепенков со кружни текови)
- Реконструкција на улица „Цар Самоил“ (од х.Салида до крстосница Чумовчанец)
Ќе се градат и обиколници :
- Сивец-Леково – магистрален пат за Битола
Оваа обиколница ќе се гради заедно со мермерниот комбинат, ЕЛС и различни фондови за кој веќе е направен проект
- Ќе се направи физибилити студија и проект од ИЗ од Крушевски пат – Билјана, Политекс до ИЗ на стариот пат за Битола
Во третата фаза од изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско предвидена е клучка со надвозник и подвозник кај бензинската пумпа на Лук Оил со што ќе се подобри изгледот на влезот на градот, а исто така во програмата е влезена и клучката кај ТИРЗ.
Ќе ги реконструираме и улиците „Орде Чопела“ (влез во градот од Македонски Брод) , како и улицата „Леце Котески“ (влез во градот од Крушево)
Ќе бидат изградени и кружни текови:
- Мост Табана
- Кај Нова автобуска станица
- Кај интернат
- Кружен тек ќе се гради кај маркетот Тинекс и на други места по потреба и во договор со УЗ.
Ќе бидат асфалтирани и неколку локални патишта со средстава од различни фондови за кој веќе локалната самоуправа има подготвено конкретни проекти
- Како што е патот од с. Волково до Манастир ,,Свети Никола,, – Прилепец
- Пат од Прилеп до с. Дабница
- Пат до с. Селце
- Пат од с. Ореовец до с. Крстец
- Пат до с. Марул;
- Пат од Р2338 до с. Полчиште;
- Пат од с. Подмол до с. Бонче
- Пат до Манастир „Св. Илија“ – Дрен
И во наредниот период ќе продолжиме со реконструкција и рехабилитација на улиците во градот и во населените места.
Општина Прилеп и понатаму ќе биде лидер во изградба на инфраструктурата во градот и во населените места.
Затоа, Гласајте за број 13, Гласајте за најдобро инфраструктурно среден град.“