Видео – Јованоски: Го враќаме епитетот Прилеп најспортски град

Преку серија на мерки и проекти ќе се афирмира спортот како здрав начин на живот. Ќе се зголеми процентот од буџетот што е наменет за спортот и ќе се обезбедат финансиски стимулации за фирмите, кои што инвестираат во спортот. По промената на локалната власт, спортот ќе биде еден од главните приоритети, изјавува кандидатот за градоначалник од СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски.

 

Прес конференцијата ви ја пренесуваме во целост.

 

 

 

„Го враќаме епитетот најспортски град во државата!

Со програмата „Живот во Прилеп, за сите“, го афирмираме спортот како здрав начин на живот за младите луѓе, преку серија на мерки и проекти.

-Целосно ќе ја реновираме старата „Соколана“, овој објект пред којшто стоиме, вам добро познатата сала „Партизан“,

-Ќе го обновиме разурнатиот планинарски дом на преминот „Дервен“,

-Ќе изградиме спортско – рекреативен центар „Вештачко езеро“, каде што ќе изградиме трим патека и велосипедски патеки,

Ќе изградиме спортска сала во Основното училиште „Кире Гаврилоски- Јане“ и ќе формираме Совет за спорт во Прилеп.

Во соработка со Владата на РМ градиме здравствен спортско – рекреативен центар во сала Македонија со покриен базен.

Како нова локална власт ќе фокусираме на училишниот спорт.

За правилен раст и развој на децата воведуваме „Наставник по физичко уште од 1-во одделение“, со што на учениците ќе им се овозможи рано совладување на основни спортски вештини и добра координација на движење, како и рана детекција на таленти и нивно правилно насочување.

Ќе го зголемиме процентот од буџетот што е наменет за спортот и ќе обезбедиме финансиски стимулации за фирмите, кои што инвестираат во спортот. Средствата наменети за спорт ќе се распределуваат со учество на спортските работници.

Општината ќе ги покрива трошоците за користење на спортските објекти од страна на спортските субјекти и клубови.

Општината заедно со Владата ќе овозможи изградба на нови спортски објекти, инфраструктура за спортови на вода, како и нови реквизити за индивидуални спортови.

Ќе ги возобновиме и „Малите олимписки игри“ на локално и национално ниво. Во рамките на таа поддршка ќе овозможиме и стипендирање на младите спортски таленти, за да се искористи целосно нивниот потенцијал.

Спортистите, клубовите и спортските работници ќе добијат професионален третман и квалитетни услови за развој.

По промената на локалната власт, спортот ќе биде еден од главните приоритети“, изјави Јованоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи